Реакции за судењето на натпреварот Шпанија – Германија: „Одвратно“

Шпанија е првиот полуфиналист на ЕП. Во драматичен натпревар го победија домаќинот Германија со 2:1 по продолженијата. Шпанците поведоа на почетокот на вториот дел со голот на Дани Олмо, а во 89. минута Флоријан Вирц погоди за продолжение.

Сепак Шпанија успеа да погоди во судиското продолжение, во 119. минута со голот на Микел Мерино и се пласираше во полуфиналето. За тој гол асистираше Олмо и стана херојот на шпанската победа.

Покрај Олмо, приказна на овој меч е и Ентони Тејлор, англискиот судија кој донесе неколку контроверзни одлуки. На Тони Крос му прости два груби старта на почетокот од натпреварот, а потоа не досуди пенал за Германија по играњето со рака на Марк Кукурела.

Социјалните мрежи се преполни со реакции за неговиот настап. Еве некои од Х.

„Мурињо беше во право за Ентони Тејлор“.
„Секогаш истата приказна со англиските судии. Не треба да им се дозволи да судат на вакви турнири. Нека останат во Премиер лигата“.
„Застана на два метра од Крос и не му даде жолт картон!
„Најдобар играч на Германија е Ентони Тејлор. Неверојатно судење.
„Не е ни чудо што луѓето велат дека Тејлор е во заблуда“.
„Крос го повреди Педри и не доби картон. Нека се врати Тејлор во аматерска лига“.
„Ентони Тејлор не заслужува да ј=суди во Премиер лигата, а камоли ЕП, Одвратно судење“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО