РБ Лајпциг му нуди нов договор на еден од своите најдобри стрелци

Раководството на РБ Лајпциг сака да го продолжи договорот со својот напаѓач Бенјамин Шешко, информира Фабрицио Романо. 20-годишниот Словенец е посакуван од голем број европски клубови, меѓу кои Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челзи и Милан.

Сепак, „биковите“ се надеваат дека ќе го задржат во својот состав и следната сезона, па затоа се подготвени да го обноват неговиот актуелен договор, кој е до летото 2028 година.

Клубот стапил во контакт со агентот на играчот и ќе се обиде да го убеди повторно да потпише за поголема плата.

Шешко дојде во Лајпциг минатото лето од РБ Салцбург и постигна 18 гола на 42 натпревари, иако во поголемиот дел од натпреварите беше замена за Лоис Опенда. Словенецот има откупна клаузула вредна 65 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО