Рафаел Варан би можел да се врати во својот прв клуб – Ленс

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан би можел да се врати во родниот Ленс на лето. Договорот на 31-годишниот дефанзивец со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната и нема да биде обновен.

Дефанзивецот кариерата ја започна во Ленс, каде играше до 2011 година, кога беше ангажиран од Реал Мадрид.

-Имавме интересни разговори и самиот Варан рече дека ќе размисли, ќе видиме што ќе се случи, изјави 53-годишниот тренер на тимот Франк Хајсе.

Во Франција пишуваат дека понудата на францускиот клуб до Варан е за двегодишен договор. За него е заинтересиран и Челзи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО