Ракометните младинци од минус седум до реми против Хрватска на ЕП

Македонската младинска машка ракометна репрезентација одигра нерешено 24-24 против Хрватска во рамките на второто коло на ЕП во Целје.

Нашите надежи одиграа возбудлив меч, со бројни пресврти. Паднаа во последните десет минути од првото полувреме, а потоа од 35 минута целосно се издигнаа и се вратија од седум гола негатива, на крајот ремито се чини е најдобро сценарио.

Следува мечот со Австрија, со која ќе се бориме за првото место во групата што може да не однесе помеѓу најдобрите осум во Европа.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Шулески и Узунчев со по шест гола, а голманите Галевски и Брестовац комбинираа 11 одбрани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО