Откако утрово објавија дека Гоце Седлоски спогодбено го раскинал договорот, од ФК Работнички веднаш го пронајдоа и неговиот наследник.
Од клубот од Дебар Маало објавија дека нов шеф на Стручниот штаб ќе биде Горан Станиќ. Во работата ќе му помагаат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков.
Новиот Стручен штаб предводен од Горан Станиќ, денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.