Протести од Челси за поништениот гол: Ова е смешно и болно!

Астон Вила и Челси синоќа одиграа возбудлив натпревар во кој немаше победник по 90 минути (2:2).

Иако домаќините имаа комотни 2:0 предност, Челси тоа успеа да го стопи и да се врати во егал. Дури во финишот успеа да постигне и трет гол, но ВАР системот тоа го поништи поради очигледен фаул.

Но од Челси протестираат по натпреварот, тренерот на „сините“ Маурисио Покетино истакна дека ова ќе мора да им се објасни на луѓето и дека Челси е оштетен.

– Не би сакал да зборувам лошо за судиите, но ова е неверојатно, некој ќе мора ова да го објасни на публиката, ова изгледа болно и смешно. Англискиот фудбал е оштетен, дури играчите на Астон Вила и не знаеа што се случува. Судијата рече дека е прекршок, но ако го погледнете видеото, ќе видите дека тоа е обичен дуел. Кога секој дуел како овој би бил прекршок, не би имале ни еден натпревар кој некоја екипа ќе го заврши со 11 играчи, порача Маурисио Покетино.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО