На стадионот „Метрополитано“ синоќа беше одиграно едно од дербињата во рамки на 33. коло од Ла Лига, а таму повторно резултатот не беше во прв план, туку расистички скандал.
Атлетико Мадрид пред својата публика го победи Атлетик Билбао со 3:1, а мечот на овие две екипи беше прекинат поради расни навреди на сметка на Вилијамс.
Навивачите на Атлетико Мадрид го навредуваа Нико Вилијамс само неколку минути пред овој да постигне гол за 1:1. Имено, Вилијамс голот го прослави со тоа што покажа на својата кожа, нешто во кое покажа пркос, дека се бори против секој облик на расизам.
Од Билбао најавија дека овој скандал е документиран од четвртиот судија и дека деновиве ќе достават одредени обвинувања до публиката во Мадрид за евентуални казни.
Atletico fans racially insulted Nico Williams minutes before he scored against them, he then pointed to the colour of his skin in his celebration.
Don Nico Williams. ✊ pic.twitter.com/3xU0bPE7xf
— TC (@totalcristiano) April 27, 2024