Ристовски доби овации – „спасуваше“ млад навивач од обезбедувањето (видео)

Динамо Загреб со крајни маки денеска славеше со 1:0 против Вараждин, а овој натпревар го одбележа една ситуација во која учествуваше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Динамо имаше доста среќа на овој натпревар, бидејки Вараждин имаше свои шанси да го загрози нивното водство, но сепак заминаа со победа и бодови.

Но по овој натпревар, на теренот се случи една доста интересна сцена. Едно момче втрча на терен со цел да се фотографира со дел од играчите на Динамо, а во тоа го спречи еден од редарите.

Редарот веднаш се обиде да го исфрли момчето надвор од теренот, а таа ситуација ја воочи Стефан Ристовски и пријде да му помогне на малиот навивач.

Ристовски едноставно го грабна детето од рацете на редарот и го однесе да ја оствари желбата, да се фотографира со дел од играчите на Динамо Загреб. Сето тоа беше испратено со овации кон Ристовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО