Премиер лига: Што ги чека Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити до крајот на сезоната?

Дербито Манчестер сити – Арсенал (0:0) беше последно меѓу екипите вклучени во борбата за титулата во Премиер лигата. Најзадоволни од овој резултат беа во Ливерпул, бидејќи тие по победата над Брајтон (2:1), се најдоа на врвот од табелата, со два бода повеќе од „топчиите“ и три пред шампионот Сити.

Што следува? До крајот на првенството трите екипи треба да одиграат по девет натпревари. Ако Ливерпул ги добие сите, јасно, ќе ја освои титулата. Во случај на ист број бодови, се гледа гол-разликата, каде што засега во предност е Арсенал.

Арсенал има мала предност бидејќи повеќе натпревари ќе одигра на домашен терен отколку на гости, пет спрема четири. Кај конкурентите е обратно, четири меча дома и пет на гости, со тоа што Ливерпул и Сити ќе имаат три гостувања по ред.

Трите тима кандидати за титулата се’ уште играат во Европа, но од нив само Сити продолжува и во ФА купот.

Кој против кого ќе игра до крајот на првенството:

Распоредот на Арсенал: Лутон (дома) Брајтон (гости),Астон вила (д), Вулверхемптон (г), Челси (д), Тотенхем (г), Борнмут (д), Манчестер јунајтед (г), Евертон (д).

Распоред на Ливерпул: Шефилд (д), Манчестер јунајтед (г), Кристал палас (д), Фулам (г), Евертон (г), Вест хем (г), Тотенхем (д), Астон вила (г), Вулверхемптон (д).

Распоред на Манчестер сити: Астон вила (д), Кристал палас (г), Лутон (д), Тотенхем (г), Брајтон (г), Нотингем форест (г), Вулверхемптон (д), Фулам (г), Вест хем (д)

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО