(ФОТО) Александар Андов, селектор на Македонија (жени): Без преголеми очекувања, преку ноќ ништо не се менува!

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со новиот селектор, Александар Андов, го почнува циклусот квалификации (лига фаза) за пласман на Европското првенство (ЕП) 2025 година што ќе се одржи во Швајцарија. Андов денеска го одржа првиот тренинг со репрезентацијата како нов селектор.

– Да се биде селектор, без разлика дали станува збор за млади репрезентации, до 15, 17, 19 години или за А селекција, за мене претставува огромна чест и привилегија. Селекторско место со себе носи голема одговорност и бара сериозен пристап, првенствено кон работата и обврските околу репрезентацијата.

Имаме малку време за подготовки во пресрет на првиот натпревар, на 5 април во Рига, против Летонија, но очекувам од сите максимален ангажман на тренинзите за што подобро да се подготвиме и, пред се’, да се воиграме на тактички план.

Ќе идеме чекор по чекор, натпревар по натпревар, ќе се трудиме да се подобруваме во сите сегменти од играта. Треба да бидеме максимално фокусирани и желни за подобрување, да веруваме во себе. Само така ќе можеме да оствариме позитивен успех како тим.

Ќе има некои играчки промени, но и во формацијата. Се надевам дека на тактички план тие промени ќе бидат многу значајни и ќе донесат позитивни резултати и подобра атмосфера.

Не треба од старт да имаме преголеми очекувања, преку ноќ не се менува ништо. Постепено треба да напредуваме и да се подобруваме. Не сакам да ветувам ништо, но верувам дека во иднина ќе напредуваме и да растеме како тим, истакна Андов за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ),

По мечот во Рига на 5 април, Македонија на 9 април ја пречекува Словенија во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО