Николовски: Мора многу повеќе да се вложува во кајак-спортот

Прославениот македонски кајакар, Атанас Николовски, во денешното гостување на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ, проговори за претстојниот 55-ти ИКАС, за случувањата во македонскиот кајак-спорт и за интернационалната тренерска кариера.

– Тука сум времено, како дел од кампот за млади таленти под капата на Светската организација, и воедно да помогнам за ИКАС. Мораме многу повеќе да работиме со младите кајакари за да можат да се наметнат во меѓународната конкуренција. Имаме одлични услови кои мораме максимално да ги искористиме, вели Николовски.

По заминувањето од Македонија, Николовски како тренер работеше на Тајван, во Казахстан и сега во Јапонија, од каде што има различни искуства.

– Таму начинот на однесување и работата со спортистите е многу поразличен од Европа, посебно од Балканот. Организациски се далеку пред нас. Тоа е друг начин на спортска култура каде што се’ функционира беспрекорно, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО