(ВИДЕО) Прекинат мечот Розенборг – Лилестром: Норвешките навивачи бесни на ВАР-от, бараат да се укине

Норвешките навивачи се меѓу првите во Европа кои отворено и се спротивставија на ВАР технологијата. Конфликтот напредуваше дотаму што првенствениот натпревар од 15.коло Розенборг – Лилестром беше прекинат откако навивачите предизвикаа нереди.

Навивачите фрлале пиротехнички средства, ракети и петарди на теренот. Мечот неколку пати бил прекинуван, а на крајот судијата Рохит Саги видел дека нема друг избор освен да ги повлече играчите во соблекувалната.


Тие фрлале тениски топчиња и парчиња торта/печиво на теренот од трибините за да го изразат своето незадоволство од ВАР технологијата.


Уште минатата година, по воведувањето на ВАР во домашните натпреварувања, навивачите на Орве почнаа да изразуваат незадоволство бидејќи тоа им ја „убива страста за фудбалот“, а својот став јасно го покажуваа со транспарентите.

Норвежаните сметаат дека ВАР е само уште една алатка за манипулирање и за местење натпревари. „Не знаеме што се гледа во собите и како се гледа ВАР-от, се’ е лага“, е една од пораките на навивачите на норвешките стадиони.

За работите да бидат уште побизарни, по прекинот на натпреварот, навивачите почнале да фрлаат и конзерви со риба на теренот.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО