Правилото разговор само капитен – судија ќе важи и на мечевите во ЛШ, ЛЕ, ЛК

Наскоро капитените на тимовите ќе бидат единствените играчи што ќе можат да разговараат со судијата и во клупските натпреварувања без казна, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Откако на Европското првенство (ЕП) во Германија воведе ново правило за комуникација меѓу судиите и играчите на теренот, УЕФА ова правило сега го воведува и во клупските натпреварувања на „Стариот континент“.

Првата жртва на новото правило беше играчот на Манчестер сити и шпански репрезентативец, Родри, кој доби жолт картон во судиското надополнување во првото полувреме на мечот против Италија, 1:0, во второто коло од групната фаза, бидејќи разговарал со судијата иако не бил капитен на тимот!

За него тоа беше втор жолт картон на турнирот, по што го пропушти натпреварот против Албанија.

– Да се ​​биде судија во модерната игра е многу тешко. Судијата доносува меѓу 200 и 250 одлуки по натпревар, една на секои 22 секунди. Понекогаш во тешки и во контроверзни ситуации, под огромен притисок, и секоја од нив внимателно се проучува, се прегледува од многу различни перспективи , од навивачите и од експертите.

Идејата е едноставна, бараме од сите тимови да се погрижат нивниот капитен да биде единствениот играч штп разговара со судијата.

Успехот на овој нов пристап на ЕП, што играчите го сфатија и го поздравија во јавноста како несомнено подобрување на имиџот на фудбалот, ја зајакнува нашата увереност дека тоа е патот напред, изјави извршниот директор за судење на УЕФА, Роберто Розети, пред почетокот на ЕП.

УЕФА најави дека во новата сезона на клупските натпреварувања што почнуваат следната недела, овој пристап ќе биде проширен на сите натпревари. „Фер-играта и почитувањето се вредности што фудбалот, најпопуларната игра во светот, мора да ги пренесе во општеството“ истакнува УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО