Позната е првата осминафинална двојка на ЕП во Германија

По одигрувањето на синоќешните натпревари од 3.коло во групата Б, позната е првата осминафинална двојка на Европското првенство (ЕП), Италија – Швајцарија, на 29 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

Двете репрезентации ги освоија вторите места во нивните групи. Италија на драматичен начин ремизираше со Хрватска, 1:1, во групата Б, со голот на Матија Закањи во судиското надополнување, во 98 мунута! Претходно „азурите“  ја победија Албанија (2:1), а загубија од Шпанија (0:1).

Швајцарија е втора во групата А, иако не загуби ниту еден натпревар. Тие ја победија Унгарија (3:1) и ремизираа со Шкотска (1:1) и со Германија (1:1).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО