Познат датумот кога Ѓекереш ќе го одигра првиот натпревар за Арсенал

Арсенал го претстави своето најново засилување, Виктор Ѓекереш, пред навивачите на пријателскиот натпревар против Њукасл во Сингапур. Шведскиот напаѓач се појави на теренот, но не беше дел од тимот за овој дуел.

Се очекува своето деби во дресот на „топчиите“ да го има на следниот пријателски натпревар против Тотенхем, кој ќе се одигра во Хонг Конг.

Тренерот Микел Артета објасни дека Ѓекереш сè уште не тренирал со тимот откако настапи на последниот натпревар за Спортинг, по кој тимот ја прослави титулата во Португалија. Според Артета, фудбалерот ги има завршено сите медицински прегледи, но треба да биде целосно физички подготвен пред да биде вклучен во тимот.

„Не сакаме да ризикуваме, но се надеваме дека наскоро ќе биде целосно со нас,“ истакна Артета.

Новото засилување го доби дресот со број 14, кој претходно го носеше легендарниот Тјери Анри. Целта е Ѓекереш да биде комплетно подготвен за стартот на новата сезона во Премиер лигата, кога Арсенал ќе се соочи со Манчестер јунајтед на 17 август.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО