Постекоглу се чуди на објавите на социјалните мрежи

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на неговиот состав сакаат „спарси“ да загубат во дербито од Манчестер Сити.

– Ако ги погледнете социјалните мрежи, 99% од навивачите сакаат Спарс да загуби од Манчестер Сити. Го разбирам духот на конкуренцијата, но, никогаш нема да разберам човек кој сака сопствениот тим да загуби“, ја цитира изјавата на Постекоглу новинарот, Фабрицио Романо.

 

Познато е дека големиот ривал на Тотенхем, екипата на Арсенал, е во мртва трка за титулата со Сити и дека тоа е всушност мотивот кај фановите да одат против нивниот омилен состав.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО