НБА плеј-оф: Денвер го има најдобриот играч на светот!

Никола Јокиќ брилјираше во победата на Денвер над Минесота, 115:107, во плеј-оф полуфиналето на Западната конференција. Актуелните шампиони во НБА лигата на тој начин се вратија од негатива од 0:2 до 2:2, во серијаѕа која се игра до четири победи.

Српскиот центар постигна 35 поени, а неговиот настап го коментираше и суперѕвездата на Минесота, Ентони Едвардс.

– Погодија неколку навистина тешки шутеви, мислам дека нивната серија кон крајот на втората четвртина му наштети на нашиот тим. Се’ почна со мојата глупаво загубена топка. Имавме многу шанси за победа, но направивме премногу грешки. Денвер го има најдобриот играч на светот (Никола Јокиќ) и топката при секој напад е во неговите раце.

Сепак, мислам дека Денвер не е во предност во моментов. Ние победивме на два натпревара, потоа тие возвратија. Среќен сум бидејќи се натпреваруваме на највисоко ниво. Ќе биде забавно, рече Едвардс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО