Порто со почест за Митревски: Никола е нашиот МВП!

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски, продолжува да биде стандардно добар на голот на Порто, по што му е оддадено посебно признание.

Никола Митревски успеа да запише 11 одбрани зад своето име на мечот против Брага, меч во кој Порто славеше со резултат 34:25, а Митревски го доби признанието МВП играч.

Несомнено дека Митревски остава силна трага во Порто, клуб во кој сигурно долго ќе стои името на нашиот интернационалец.

Во моментот во португалското првенство, Спортинг е лидер со два бода повеќе од Порто, a токму на 25-ти, за некој ден, ќе се случи клучната разврска. Порто и Митревски им гостуваат на Спортинг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО