Во Хамбург ќе има повеќе хрватски отколку албански навивачи?

Хрватска и Албанија денеска (15 часот) ќе го играат натпревар од 2.коло во групата Б на Европското првенство (ЕП) во Германија. Натпреварот се игра во Хамбург, на стадионот со капацитет од 49.000 места.

Според информациите на албанските медиуми, на натпреварот треба да очекуваат многу повеќе хрватски отколку албански навивачи.

Според „Панорама’, на ден пред натпреварот во Хамбург врнел дожд, што се одразило на атмосферата меѓу навивачите. Се додава дека, за разлика од Дортмунд, каде што албанските навивачи го окупираа градот, во Хамбург ќе има поинаква слика. Дознаваме дека ќе има до 15.000 албански навивачи, а останатите места ќе ги пополнат Хрвати, се наведува во текстот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО