Нагелсман по мечот со Грција ќе го соопшти составот на Германија за ЕП

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман веќе одлучил кој играч ќе го исфрли од прелиминарниот тим од 27 играчи за Европското првенстви (ЕП) 2024, но тоа нема да го објави пред последниот тест-натпревар против Грција што се игра вечерва.

Германија, која со мечот против Грците на домашен терен, ги завршува подготовките за финалниот турнир, мора да го намали составот на 26 играчи до петок на полноќ, до кога е рокот на УЕФА за доставување на списокот со играчи.

– Одлуката за составот е донесена, но се’ нема да ја соопштам, ниту пак ќе зборувам со засегнатите, бидејќи во најлош случај, вечерва некој може да се повреди и би било глупаво да се разговора сега за тоа. Конечната одлуката, која во суштина веќе е донесена, ќе ја објавам по натпреварот со Грција, рече Нагелсман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО