Победа и во вториот контролен меч за Македонија – совладана и Грција

Македонската ракометна селекција во вториот контролен меч пред заминување на Европското првенство ја забележа и втората победа.

Откако пред нова година славевме против Црна Гора во Србија, вечерва во Скопје нашиот национален тим забележа победа над Грција со резултат од 33-30.

Грците подобро го отворија мечот, па во најголем дел од првиот дел водеа со еден до два гола се до 12-13. Но по влегувањето на Митев се заврза играта во нашиот национален тим и дојде до пресврт па на пауза заминавме со +3 (18-15).

Во вториот дел „црвено-жолтите“ ја одржуваа умешно предноста за да на крај без проблем слават со 33-30.

Лазаревски со 8 гола беше прво име во нашиот национален тим, додека Костески додаде 6 гола. Кај Грција исто така најефикасен беше пикерот Палиапис со 9 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО