Озил кажа кој е најдобриот дефанзивец на светот според него: Прашајте ги Халанд и Осимен колку е добар

Поранешниот играч на Арсенал и Реал Мадрид, Месут Озил го избра најдобриот стопер во светот според него.

Многу врвни стопери има денес, така што навистина е тешко да се каже кој е број еден, но за Озил не се сомневам во тоа.

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Арсенал смета дека 30-годишниот дефанзивец на Кралевите Антонио Рудигер моментално е во својот „цут“. Рудигер е во својата втора сезона во Мадрид, откако дојде од Челзи во слободен трансфер во летото 2022 година.

– Рудигер е најдобриот дефанзивец во светот во моментов, напиша Озил во средата на Твитер како одговор на Рудигер кој доби јавни пофалби од тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

-Можете да ги прашате и Халанд или Осимен колку е добар!, додаде поранешниот германски репрезентативец и посочи:

-Видете само што се случи со Челзи откако тој замина. Секој ден им недостасува неговиот менталитет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО