ПМФЛ: Шкупи мора да победи за да остане во трка за титулата, тешко гостување на Воска во Струмица

Попладнево на програмата се три натпревари од ПМФЛ во рамки на 27. коло.

Составот на Шкупи го пречекува тимот на Македонија ЃП, против кои ќе бараат победа по секоја цена. По поразот во Штип кај Брегалница минатото коло, на Шкупи му е потребна победа со цел да остане во егал трка со лидерот Струга, која исто така киксираше претходното коло, но се во негатива од три бода, така да денеска немаат право на кикс.

Од друга страна, „лавовите“ од Ѓорче се во грчевита борба со Брегалница (исти бодови, 25) за позиција погоре, односно излез од црвената зона.

Во Гостивар против истоимената екипа, гостува составот на Тиквеш кој е позиција понапред од денешниот домаќин, па ова денеска ќе биде дуел за позиција меѓу двете екипи. Гостивар е можеби благ фаворит на хартија.

На третиот натпревар од ПМФЛ денеска, составот на Брера Струмица ја пречекува Воска која е прва екпа во црвената зона, но е само 5 бодови назад од домаќинот Брера, така да триумфот ќе биде императив и за двете екипи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО