Чави мораше да реагира на новите информации: Мојата одлука ја знаете!

Чави Ернандез и понатаму останува на ставот дека на крајот од сезоната го напушта кормилото на Барселона.

Иако изминатите неколку недели постоеа приказни дека тој се предомислил и дека од клубот веќе размислувале за останување на Чави Ернандез, сепак тренерот на Барселона порача дека стои на стиот став.

– Апсолутно ништо се нема променето. Стојам на одлуката дека заминувам на крајот од сезоната, тоа е моја одлука и знам дека позитивно влијаеше на играчите, знаејки дека никој овде не е вечен.

– До крајот на сезоната, одиме меч по меч, сакам да го задржиме фокусот. Сега мислиме на Кадиз и сакаме да победиме, во спротивно, ќе се простиме и од првенството за кое се уште имаме шанси, порача Ернандез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО