Џордан Пикфорд и понатаму ќе го брани голот на Евертон! Англискиот репрезентативец денес го продолжи договорот со клубот од „Гудисон Парк“ и испрати јасна порака – Евертон е мој дом!
Иако клубот не ги откри деталите, англиските медиуми пренесуваат дека Пикфорд ќе заработува меѓу 150.000 и 180.000 фунти неделно, што го прави најплатениот играч во тимот.
Од неговото пристигнување во 2017 година, Пикфорд одигра 326 натпревари за „карамелите“, од кои 296 во Премиер лигата, и со своите одбрани повеќе пати им ја спасил сезоната.
Со 80 настапи за репрезентацијата на Англија, Пикфорд е еден од најсигурните и најискусните голмани во лигата. Продолжувањето на договорот е огромен плус за Евертон, кој со тоа го задржува еден од своите најважни играчи во борбата за стабилност и подобар пласман оваа сезона.
Навивачите на Евертон можат да здивнат – столбот на одбраната останува на „Гудисон“!
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: