Пепи Георгиевски: Се’ му е подредено на куп финалето

Тренерот на кадетите на ФК Вардар, Пепи Георгиевски, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, посочи дека сите мисли во завршницата на сезоната ќе бидат насочени кон финалето на Купот.

– Со добра работа успеавме да ја оствариме главната цел и да го играме решавачкиот меч за пехарот против Шкендија, која е меѓу најдобрите во оваа конкуренција. Во очекување на терминот за мечот, ќе се обидеме максимално да се подготвиме. Се надевам дека ќе го донесеме пехарот во клубот.

Во моментов имаме неколку фудбалери кои се голема перспектива на клубот. Наша главна задача е да ги насочиме кон младинските и сениорските состави. Мислам дека треба да се подобруваат условите за работа со младите категории во сите клубови, изјави Георгиевски кој повеќе од 25 години е активен во тренерскиот дел на Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО