Кари го доби признанието воведено лани во НБА

Бекот на Голден Стејт вориорс, Стивен Стеф Кари е добитник на наградата „Џери Вест“ која се доделува на играчот кој бил најдобар во клучните моменти од натпреварите во НБА! Вориорс не се квалификуваа во плеј-офот сезона бидејќи загубија од Сакраменто кингс во плеј-ин натпреварот.

Минатата сезона беше воведена наградата „Џери Вест“ за играчот што бил најдобар во последните пет минути од натпреварите на кои резултатот е до пет поени!

Кари доби вкупно 298 поени (45 први, 18 втори и 19 трети места), втор со 272 поени беше Демар Дерозан од Чикаго, а трет Шеј Гилџес -Александер од Оклахома со 160 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО