Пелистер се враќа од уште едно гостување во ЛШ со пораз

Екипата на Еурофарм Пелистер се враќа со пораз од гостувањето во Германија кај Кил со резултат 29:23.

Пред натпреварот, домашната екипа беше изразен фаворит на хартија, а тоа го потврдија и на дело, односно на теренот, каде остварија рутинска победа против битолскиот ракометен колектив.

Ова е 12-ти неуспех за битолската екипа сезоната во Лигата на шампионите, во исто толку одиграни натпревари. Еурофарм Пелистер лошо го почна натпреварот, беа бомбардирани од сите страни, па може да се каже дека Кил по првиот дел си го обезбеди резултатот, односно предноста и победата (19:10), па во вториот дел само ја оддржуваше.

Вистина, Еурофарм Пелистер во вториот дел одигра нешто подобро и по организирано и затоа малку ја намалија разликата, но на крајот сепак загубија.

Радивојевиќ беше најуспешен поединец во редовите на Е.Пелистер со шест погодоци, го следеа Жарко Пешевски со четири и Манасков и Кузмановски со по три погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО