Милан иако поразен кај Рен, се пласира во следната рунда од Лига Европа

Екипата на Милан успеа да се пласира во осминафиналето од Лига Европа, откако „росонерите“ беа подобри севкупно во двата меча од пресметката.

Милан во првиот натпревар на домашен терен оствари комотна предност со 3:0, за во реваншот вечерва, иако поразени (3:2), сепак без проблеми се пласираа во осминафиналето.

Јовиќ и Рафаел Леао беа стрелците за Милан во поразот во Франција, а победата на Рен може да се нагласи како пирова, бидејки нема вредност на целокупниот резултат.

Од останатите натпревари во раниот термин од Лига Европа, во следната фаза уште се пласираше и Бенфика, која одигра 0:0 кај Тулуз, а имаа предност од првиот меч со 2:1.

На натпреварот Фрајбург – Ленс се играат продолженија, каде во моментов води Фрајбург и е поблиску до пласман понатаму, додека на мечот Карабаг – Брага, каде што исто се игра продолженија, е потполно неизвесно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО