Пелистер се пофали со ново засилување

Раководството на Пелистер продолжува со градење на играчкиот состав, а клубот од Битола останува доследен на стратегијата да донесува засилувања од Србија.

Денеска, Ѓорѓе Белиќ стави потпис на договор со важност од една година со „зелено-белите“, со што стана четвртиот српски фудбалер кој во текот на летниот преоден рок пристапува во редовите на Пелистер. Станува збор за 27-годишен играч од средниот ред, кој доаѓа од Вождовац, а претходно настапувал и за Мачва, Дрина, Лозница и Дубочица.

Со оваа аквизиција, Пелистер го запиша шестото засилување летово, по претходните договори со Спировски, Ристиќ, Ристовски, Здравковиќ и Булатовиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО