Арсими се засили со Олатубонсон

Новопромовираниот член на Првата македонска фудбалска лига, Арсими, активно работи на креирање конкурентен состав за своето деби во елитата.

Вечерва клубот официјално го претстави новиот офанзивец – Сикиру Оканлавон Олатунбосун, напаѓач од Нигерија кој важи за значајно засилување.

Олатунбосун ја започна кариерата во својот роден град настапувајќи за МФМ ФК, а потоа ги бранеше боите на неколку клубови во Турција, меѓу кои Анкараспор, Менеменспор и Тузласпор. Играше и во Египет за екипата на Смуха СЦ, а македонската јавност го памети од настапите за Воска Спорт.

„Станува збор за 27-годишен голгетер кој ќе донесе дополнителен квалитет во офанзивниот ред на жолто-црниот тим. Добредојде, Оли!“, објавија од Арсими.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО