Партизан гостува кај Алба, Обрадовиќ со важна порака до своите кошаркари

Партизан вечерва гостува кај Алба Берлин од 20:30, во рамки на новото коло од Евролигата, каде за „црно-белите“ е само победа во игра доколку сакаат да се пласираат во топ10 зоната.

Како и секој пат сезонава, на сите гостувања, така и на ова, Партизан ќе има значајна поддршка од своите фанови, па Обрадовиќ истакна дека треба играчите да покажат што тоа им значи Партизан, односно да се обидат да направат добар резултат.

– Партизан има навивачи каде и да оди. Тоа е неверојатно, што друго да кажам, освен уште еднаш да се заблагодарам на сите нив за неверојатната поддршка која ја добиваме. Нема да бидат таму само навивачи кои живеат во Германија, туку и од други земји.

– Горди сме на таков еден податок, па затоа сакаме да го вложиме и последниот атом на сила која може да ја искористиме и да победиме. Треба да покажеме зошто Партизан е наша кошаркарска светост, порача Обрадовиќ.

Партизан мора да ја победи Алба, а следната недела мора на домашен терен да ја совлада и Валенсија со цел да има шанси за плеј-инот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО