Дури три клуба подготвени да платат 200 милиони за Винициус?

Винициус Жуниор би можел ова лето да ги напушти редовите на Реал Мадрид, доколку за тоа се створат услови.

Се верува дека неколку екипи веќе покажале интерес за овој фудбалер и меѓу редови најавиле понуди за неколку недели за овој фудбалер во висина и до 200 милиони евра.

Клубовите кои во моментот биле наводно најзаинтересирани, биле ПСЖ, Ливерпул и Челси. Напаѓачот првично не сака да го напушти клубот, бидејки смета дека тоа би била победа за расизмот, на што често беше изложен низ стадионите во Шпанија.

Винициус сезонава на 28 настапи, има 18 голови и асистираше осум пати. Вкупно за „кралевите“ има 77 голови и 72 асистенции, во 250 настапи. Под договор со Реал Мадрид е до 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО