Лазаров изненаден од раното повлекување на Хансен во пензија

Деновиве во европскиот ракомет актуелна е темата околу Микел Хансен, данскиот ракометар кој е еден од најголемите на сите времиња, кој најави дека заминува во пензија.

На таквата одлука, изненаден бил селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој во изјава за данска телевизија, даде свое видувања на целата ситуација.

– Изненаден сум дека Микел Хансен реши да ја заврши кариерата ова лето. Не очекував тоа да го направи толку рано, има неверојатна кариера. Тој и во денешно време игра на високо ниво ракомет, несомнено е еден од најдобрите во историјата.

– Неговиот стил на игра е неверојатен, головите, сите додавања се нешто кое ќе му недостига на овој ракомет. Ќе доаѓаат нови генерации на ракометари, но Микен Хансен беше единствен, порача Кире Лазаров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО