Партизан донесе конечна одлука за „престапникот“ Бруно Кабокло

Партизан реши да го задржи Бруно Кабокло и следната сезона во својот тим, но секако е казнет поради испадот во финалето против Црвена Звезда.

Клубот од Белград се огласи денес во јавноста со соопштение, во кое наведува дека го казнуваат својот кошаркар со пет плати, поради тоа што го направи кога го напушти клубот и замина за Америка без никаква комуникација со тренерот и стручниот штаб.

-КК Партизан по завршување на дисциплинската постапка, донесе одлука дека Бруно Кабокло ќе биде парично казнет со износот еквивалентен на пет негови плати. Казната е изречена поради неисполнување на обврските во договорот, недоаѓање на тренинг и натпревар, односно самоволно напуштање на екипата.

– По овој пат, Партизан истакнува дека во моментот на прекршокот направен од играчот, немале долгови кон истиот и со тоа имаат право да го задржат и следната сезона. Информациите кои се пласирани во јавност дека сме должни на играчот, не се точни, а ни во склад со правилникто на ФИБА, порачаа од Партизан.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО