Палмер е најдобар млад играч оваа сезона во Премиер лигата

Кол Палмер ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во тековната сезона во Премиер лигата.

Играчот од средниот ред на Челзи беше прогласен за најдобар млад играч во конкуренција на Филип Фоден и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, Александар Исак од Њукасл, Коби Мејно од Манчестер Јунајтед, Букајо Сака од Арсенал и Вилијам Салиба и Дестини Удоџи од Тотенхем.

22-годишниот Англичанец е најдобар стрелец на „сините“ со 22 гола во 33 првенствени натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО