ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус му даде отказ на Макс Алегри!

Јувентус го отпушти Макс Алегри. Денеска клубот со соопштение информираше дека Алегри е веќе поранешен тренер на „Старата Дама“.

И покрај тоа што Италијанецот му помогна на клубот да дојде до освојување на Купот на Италија со победата над Аталанта, не успеа да остане на клупата и следната сезона.

Алегри имаше конфликт со судиите, се скара со управата на клубот, а имаше и физичка пресметка со новинар на „Тутоспорт“, што беше и главна причина да добие отказ, пред се поради нарушување на угледот на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО