„Специјалниот“ се враќа во клуб каде што никој не го очекуваше?!

Жозе Мурињо е без работа од 16. јануари годинава, откако беше отпуштен од фудбалскиот клуб Рома.

Португалецот беше виден да биде нов селектор на Португалија, но по се изгледа од тоа нема ништо, бидејки му се насмевнува нова работа во клуб каде скоро и да не го очекуваа.

Според турските медиуми, легендарниот португалски стратег ќе биде иден предводник на Бешикташ, со кои наводно договорил годишна плата на 16 милиони евра, што е нестварна бројка за еден таков клуб.

– Пред месец дена се состанав со Мурињо во Истанбул. Му реков дека го сакаме во Бешикташ, дека е погоден за хемијата на нашиот клуб, на што тој ми рече дека ќе изврши процена по дадената понуда. Ми одговори дека сака пак да се сретнеме во Италија. Работиме посебно на спонзорствата за идните сезони и на добар пат сме да исполниме потребни бројки за доаѓање на Жозе, порача потпретседателот на клубот, Хусеин Јуцел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО