Осум часовници на Михаел Шумахер ќе бидат понудени на аукција

Осум луксузни часовници кои му припаѓаат на поранешниот Формула 1 (Ф1) шампион, Германецот, Михаел Шумахер, утре ќе бидат на продажба во аукциската куќа Кристи,  во Женева.

Продажбата, организирана од семејството на Шумахер, содржи часовник што му го подарил Жан Тод, поранешниот извршен директор на Ферари и поранешен претседател на ФИА, како божиќен подарок во 2004 година, кога Шумахер беше доминантна сила во Ф1.

Тој црвен часовник, е со 18-каратно бело злато, со логото на Ферари, со тркачкиот шлем на Шумахер и со бројот 7, во чест на седумте победи на Шумахер во Светското првенство (СП) во Ф1. Проценката е дека цената на тој часовник може да достигне дури два милиони швајцарски франци, велат од Кристи.

Другите часовници на Шумахер вклучуваат пет во единечна кутија што ќе се продаваат поединечно на аукција. Продажбата е темпирана за 30-годишнината од неговата прва победа во Ф! шампионатот во 1994 година.

Часовниците, кои беа претставени во Њујорк и во Тајпеј пред продажбата, се дел од поголемата аукција луксузни часовници што ќе ги понуди аукциската куќа Кристи.

Шумахер, кој се повлече од Ф1 во 2012 година, го дели рекордот за најмногу титули во Ф1 со британскиот возач, Луис Хамилтон.

Во декември следната, 2013 година, Шумахер тешко се повреди додека скијаше во француското алпско одморалиште, Мерибел и претрпе речиси фатална повреда на мозокот. Откако беше префрлен од болница во септември 2014 година, тој е згрижен во семејниот дом во Швајцарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО