Андони Ираола уште две сезони на клупата на Борнмут

Менаџерот на Бурнмут, Андони Ираола, потпиша нов договор, до крајот на сезоната 2026, соопшти клубот од Премиер лигата.

-За мене, тоа е прашање на обновување на довербата меѓу двете страни. Имаме добро искуство од нашата прва заедничка сезона во Премиер лигата. Среќен сум што двете страни сакаат да ја продолжат соработката, изјави Ираола.

Ираола минатиот јуни го замени поранешниот менаџер, Гери О’Нил, успеа да го спаси клубот од испаѓање и покрај тоа што „црешите“ не победија на ниту еден од првите девет првенствени натпревари. Шпанецот сезонава со Борнмут, на едно коло до крајот, освои најмногу поени во Премиер лигата.

Борнмут е 11-ти на табелаата со 48 бодови. Претходно најмногу бодови (46) освоија во сезоната 2016/17 под водство на Еди Хау, сегашшниот менаџер на Њукасл.

– Горд сум што постигнавме клупски рекорд според освоените бодови бидејќи играме во силна лига. Сезоната почна бавно, но потоа многу се подобривме и игравме на вистински начин, истакна Ираола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО