Османи: Можевме и подобро, но и еден гол предност е добар резултат

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ вчера во Охрид на првиот меч против Пјуник од Ерменија, во рамките на 2. квалификациско коло од Лигата на конференции (ЛК) триумфира со 2:1.

Победата можеше да биде и поубедлива, но добрата игра на стружани е тоа што го радува тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.

– Постигнавме гол во вистински момент, но и овојпат по тој брз гол како да паднавме. Немавме течна игра како во првите 15 минути. Сепак, во второто полувреме беше многу подобро. Ја променивме играта, системот, а и промената на играчите даде резултат.

По 2:1 имавме уште неколку шанси, но мислам дека и среќата ни го сврте грбот. Имаме предност, макар и минимална. Остануваат уште 90 минути во кои мора да ја потврдиме оваа победа.

Нема да биде лесно, свесни сме за тоа, но мора да бидеме оптимисти дека можеме да одиме натаму, изјави по мечот, тренерот Османи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО