Осимен не сака во ПСЖ, сака да игра во Премиер лигата!

Ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за ангажирање на напаѓачот на Наполи се Челси и ПСЖ, но Нигериецот префрерира да оди во Англија.

Во ПСЖ во Осимен гледаат замена за Килијан Мбапе, кој ќе го напушти клубот летово. Наполи веќе најави дека Осимен ќе си оди на крајот на сезоната, а сумата која ја бараат за неговиот трансфер е 130 милиони евра, што одговара на височината на обештетувањето наведено во неговиот договор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО