Македонските каратисти со седум бронзи од Балканијадата во Црна Гора

Македонските каратист(к)и освоија седум медали на Балканското првенство за сениори што се одржа минатиот викенд во Подгорица, Црна Гора..

Во поединечна конкуренција со бронзени медали се закитија Емил Павлов, Вахик Весели и Љупче Михајлов во машка, како и Викторија Јовановска и Вероника Костовска во женска конкуренција.

Последни во листата на медалисти се запишаа машкиот и женскиот кумите тим, кои исто така освоија бронзени одличја. Мажите славеа над БиХ, а женскиот беше подобар од Србија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО