Германските навивачи сакаат да ја задржат контролата во клубовите

Навивачите на Борусија Дортмунд и на Ајнтрахт Франкфурт протестираа за време на нивните натпревари против Хофенхајм (2:3, односно Волфсбург (2:2). Тие истакнаа транспаренти во знак на поддршка на правилото во германскиот фудбал, 50 плус 1.

Во тоа правило се вели дека членовите на клубот (навивачите) треба да ја задржат контролата врз гласачкото право, најмалку 50 отсто плус еден глас.

Навивачите на Ајнтрахт накратко, на шест минути, го прекинаа натпреварот против Волфсбург фрлајќи мали пластични топчиња на теренот. Слично, со џиновски транспарент реагираа и навивачите на Волфсбург, чиј спонзор е Фолксваген

Протестите во неделата дојдоа и покрај одлуката на германската фудбалска лига од средината на неделата да се откаже од контроверзниот план за продажба на удел во идните приходи од медиумските права на клубовите на надворешни инвеститори.

ФК Волфсбург е основан во 1945 година, седум години откако градот Волфсбург беше изграден за работниците во фабриката на Фолскваген. Волфсбург се’ уште е „под капата“ на  германскиот автомобилски гигант, еден од двата исклучока од правилото 50 плус 1.

Баер Леверкузен е другиот исклучок, бидејќи е основан за работниците во фабриката Баер. Фармацевтскиот гигант се’ уште е сопственик на клубот. И Волфсбург и Леверкузен имаат исклучоци од 50-плус-1 затоа што ги имаат истите навивачи повеќе од 20 години.

Хофенхајм беше уште еден исклучок, но спонзорот Дитмар Хоп го префрли поголемиот дел од своите гласачки права назад на клубот минатата година за да го усогласи со правилото.

Лајпциг, кој беше основан од Ред Бул во 2009 година, се справи со правилото 50 плус 1, со ограничување на членството на неколку избрани членови поврзани со производителот на енергетски пијалоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО