Чаир за првпат ќе игра финале во Купот на Македонија

Ракометарките на Чаир ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако денеска во второто полуфинале славеа над Вардар со 32:28.

За „чаирчанки“ ова ќе биде историско финале, по одличната партија со Вардар и натпревар во кој ја имаа контролата на резултатот од почеток до крај на мечот. Чаир на полувреме замина со предност од само еден гол (14:13), иако во текот на првите 30 минути имаше константна предност од неколку гола.

Разликата во квалитетот дојде до израз во вториот дел во кој Чеир успеа до средината да се одлепи на 4-5 гола разлика и до крајот да ја задржи предноста за триумф.

В недела женското финале во Купот на Македонија ќе се одигра од 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а во него Чаир ќе се сретне со шампионот Ѓорче Петров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО