Одредени домаќините во последните групи од Купот на Македонија

Денеска станаа познати и домаќините на завршните четири групи од ракометниот Куп на Македонија. Натпреварите во овие четири групи треба да ги дадат имињата на четирите тимови кои на завршниот Ф4 турнир ќе се борат за куп-трофејот.
Дуелите од последната фаза се закажани на 22 и 23 март.
Група 1 – Кавадарци
Е. Пелистер 2 – Тиквеш; Прилеп – Мулти Есенс
Група 2 – Скопје (Автокоманда)
Бутел Скопје – Струга; Алкалоид – Вардар Неготино
Група 3 – Скопје (Јане Сандански)
Т. Пролет – Голден Арт; Радовиш – Вардар 1961
Група 4: – Охрид
Е. Пелистер – Куманово; Охрид – Скопје 2020

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО