Тројца фудбалери на Рапид (В) исфрлени од австриската репрезентациј
Ралф Рангник, селекторот на австриската фудбалска репрезентација, исфрли тројца играчи на Рапид Виена од списокот на репрезентацијата поради хомофобични испади.
Станува збор за напаѓачот Гвидо Бургсталер, играчот од средниот ред Марко Груел и голманот Никлас Хедл.
По неодамнешното градско дерби против Австрија, тие беа снимени како извикуваат хомофобични пораки. Тие нема да бидат во составот за пријателските натпревари против Словачка на 23 март и Турција на 26 март.
-Вакви пораки сигурно нема да толерирам се додека сум селектор. Ова многу добро го знаат сите играчи од претходно, а тројцата го покажаа она против што сите се бориме, изјави германскиот стратег, инаку поранешен тренер на Шалке, Хофенхајм, Лајпциг и Манчестер Јунајтед.
Дополнително, Рангник изјавил дека тројца нема да бидат во списокот ниту за учество на Европското првенство во јуни и јули во Германија.