Фабијан Руиз: Шпанија не е фаворит за триумф на ЕП

Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Шпанија, Фабијан Руиз, не ја прифаќа улогата на фаворит на Европското првенство (ЕП).

– Не би рекол дека сме еден од фаворитите на овој турнир. Многу сме самоуверени и имаме потенцијал да стигнеме до финалето. Ќе дадеме се’ од себе тоа да се случи. Ако стигнеме таму, тогаш ќе бидеме фаворити, вели Руиз.

Фудбалерот на ПСЖ вели дека на Шпанија вечерва и’ претстои тежок дуел со Италија.

– Италијанците се шампиони од последното ЕП, и знаеме каков победник е нивниот селектор Лучијано Спалети. Тој е тренер кој сака да игра од одбраната, да притиска високо… Ја очекувам Италија, како и секогаш: моќна и агресивна. Ќе биде многу тежок натпревар, смета Руиз.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО