Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија титулата

Одбојкарките на Работнички Скопје и натаму се „главни“ во македонската женска одбојка откако третпат по ред ја освоија шампионската титула.

Во третиот натпревар од лигашкото финале во сезоната 2023/24, екипата од главниот град триумфираше на гости кај Струмица жени со 3:0 (25:23, 28:26, 25:19) со што ја „затвори“ низата од три максимални победи.

Струмичанките влегоа во финалето со предноста на домашен терен, со подобар меѓусебен ефект и со освоената титула во купот. Но Работнички Скопје ја креваше формата, оствари две победи на туѓ терен и четвртипати, од 2019-та па досега, се искачи на победничкиот трон.

Во тој период, Работнички Скопје не беше првак само во 2021година а кога двојната круна и припадна на екипата на Јанта волеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО