Маратон во Лондон: Кенијката Јепчирчир постави нов светски рекорд

Олимписката шампионка, Перес Јепчирчир од Кенија го собори светскиот рекорд за 45 секунди во „само“ женската трка (на патека без мажи) на маратонот во Лондон, со време од 2:16;16 часа.

Светската рекордерка (2:11,53 часа), Тигст Асефа (второ место), Мегерту Алему (четврто), двете од Етиопија, како и Кенијката Џојсилин Џепкосгеи (трето), исто така забележаа подобри времиња од претходниот само-женски рекорд од 2:17:01 часа, на Кенијката Мери Кеитани поставен во 2017 година.

Во машката трка на маратонот во Лондон победи Кениецот, Александар Мутисо Мунјао со време од  2:04:01 часа.

Тој во поголемиот дел од трката водеше голема борба со трикратниот олимписки победник и петкратен светски првак, легендарниот, 41-годишен, Кенениса Бекеле од Етиопија. Се чинеше дека Бекеле ќе победи, за прв пат на маратонот во Лондон. но Мунјао го зголеми темпото во завршните фази и успеа да триумфира.

Пред почетокот на трката му беше оддадена посебна почест на победникот во Лондон лани, Келвин Киптум, светскиот рекордер на Кенија, кој загина во сообраќајна несреќа во февруари, во неговата родна земја, на 24-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО